• Основни документи

  • Претплатнички договор
  • Договор со засегнатата страна
  • Заштита на лични податоци

  • КИБС Правила за заштита на личните податоци
  • Издавачи на сертификати

  • VeriSign Root CA
  • KIBS Intermediate
  • KIBS Issuing
  • Преземање на CRL листа

  • CRL за Квалификуван Верба
  • Пребарување и проверка

  • Квалификуван сертификат

  • КИБС-ИС » Сертификати » Персонални сертификати » Верба Про1

    Сертификатот Верба® Про1 е наменет за лично користење за професионални цели за Ваша доверлива и безбедна комуникација со Вашите деловни партнери и/или комуникација во рамките на Вашата фирма, за безбеден пристап до апликации на Интернет каде се бара клиентски електронски сертификат, како на пример електронско банкарство, електронска трговија или електронска администрација.

    Ви нудиме
    интернационално прифатен сертификат потпишан од страна на VeriSign,
    генерирање на парот клучеви и сместување на сертификатот на дискот на Вашиот компјутер,
    сертификат со важност од 1 до 3 години,
    еднократно обновување на сертификатот,
    осигурување во противвредност на 100.000,00 евра,ако ние сме одговорни за Вашата штета,
    бесплатна замена на сертификатот во рок од 5 денa,
    бесплатно неограничено поништување на сертификатот,
    Проверуваме
    Ваш идентитет со Ваше лично присутво во регистрационата канцеларија,
    постоење на Вашата организација и овластување од лицето кое правно ја застапува.
    Потребни документи
    формулар за регистрација,
    претплатнички договор,
    документ за лична идентификација на носителот на сертификатот (оригинал лична карта или пасош и копија)
    тековна состојба на субјектот - оригинал или копија заверена кај нотар или копија со ознака „верно на оригиналот“ заверена од лицето чиј потпис е депониран во Централниот Регистар на Република Македонија.
    Колку чини?
    Нов сертификат чини од 1.680,00 денари *.
    за дополнителни информации погледнете го ценовникот
    * ДДВ е вклучен во цената

    Обнови
    Контакт Сертификати Правила за приватност Мапа на сајтот Помош

    © 2010 КИБС АД Скопје. Сите права задржани.