КИБС АД Скопје како издавач на сертификати се појавува во улога на застапник и продавач на SSL сертификати на следните издавачи:
VeriSign,
GeoTrust и
Thawte.
Како да купам SSL сертификат?
Направете ги следните чекори за да купите светски признат SSL сертификат:
- • Креирајте барање за сертификат (CSR датотека) на вашиот веб сервер. Како?
- • Изберете сертификат кој ги задоволува Вашите потреби
.
- • Пополнете ги податоците во веб формата кои се потребни за издавање на сертификатот.
- • Отпечатете го пополнетиот формулар. Лицето кое правно ја застапува Вашата компанија треба да го потпише формуларот.
- • Платете го износот за сертификатот користејќи ги информациите за плаќање наведени во формуларот.
- • За сите SSL сертификати, освен за Thawte SSL 123 * и за GeoTrust Quick SSL *, подгответе ги следните документи:
- - Потврда за поседување на доменот за кој барате SSL сертификат. Потврдата ја издава МарНет на македонски и англиски јазик.
- - Тековна состојба на правното лице од единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица издаден од Централниот
- регистар на Република Македонија. Тековната состојба е потребна на македонски и англиски јазик.
ЗАБЕЛЕШКА: Името на правното лице наведено во англискиот превод на Тековната состојба треба да биде идентично со името наведено во англиската верзија на потврдата од Марнет.
- • Сите претходно наведени документи, може да ги доставите лично кај издавачот на сертификати КИБС или да ги испратите по пошта на адреса:
КИБС АД Скопје
Бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 1
1000, Скопје
Република Македонија
Со цел на потврдување на внесените податоци во формуларот, лицето наведено како технички контакт ќе биде контактирано од издавачот на бараниот SSL сертификат користејќи ја наведената e-mail адреса и телефонски број.
Доколку e сè во ред, информација за тоа каде да го преземете Вашиот SSL сертификат ќе добиете по пат на електронска пошта на електронската адреса на лицето за технички контакт.
*) За посочените SSL сертификати за е-mail адреса на техничкиот контакт внесете една од наведените адреси:
admin@yourdomain.com,
administrator@yourdomain.com,
hostmaster@yourdomain.com,
root@yourdomain.com,
webmaster@yourdomain.com,
postmaster@yourdomain.com,
каде yourdomain.com е името на доменот за којшто барате SSL сертификат.