|
Secure Site Pro with EV
Вистинска 128-бит-на SSL проширена заверка
Овозможете им на Вашите клиенти да нарачуваат online со доверба со помош на најсигурната опција за SSL: VeriSign® Secure Site Pro with EV SSL сертификати. Проширената заверка (Extended Validation) активира прикажување на зелена адресна лента во поновите пребарувачи со голема сигурност, а Вистинските 128-bit-ни SSL сертификати им овозможува на корисниците да го испробаат најсилното SSL шифрирање кое им е достапно.
- Проширена заверка, зелена адресна лента
- 128-bit дo 256-bit шифрирање
- Осигурување од штета по вина на VeriSign од $100.000,00
- VeriSign Secured® печат
- Проверка на инсталираниот SSL сертификат
Клиентите добиваат доверба со зелената адресна лента
SSL со проширена заверка им овозможува на посетителите на веб страната на лесен и веродостоен начин да добијат доверба во online операциите. Само SSL сертификати со проширена заверка (EV) ќе предизвикаат пребарувачите со голема сигурност да прикажат зелена адресна лента со името на организацијата која го поседува SSL сертификатот и името на Издавачот на сертификати која го издала истиот. Зелената лента им дава до знаење на посетителите на страницата дека трансакциите се шифрирани и дека е потврдена веродостојноста на организацијата според најстрогиот индустриски стандард.
Најсилното шифрирање – секогаш достапно
Одредени постари пребарувачи и оперативни системи нема да го активираат најсилното шифрирање кое им е достапно, освен во случај кога серверот има сертификат со овозможен Server Gated Cryptography (SGC). VeriSign е водечки SSL обезбедувач на SGC-поддржани SSL Сертификати , овозможувајќи шифрирање со 128 или 256 бита на повеќе од 99,9% од корисниците на интернет. (SGC: Strongest SSL Encryption)
Организација за обезбедување на сигурност на која најмногу и се верува
VeriSign како организација која обезбедува SSL Сертификати е изборот на повеќе од 95% од Најуспешните 500 и на 40-те најголеми банки во светот. Тие му веруваат на VeriSign поради технологија на шифрирање и строгите правила за проверување на веродостојност. Кога вашата страница е заштитена со VeriSign SSL сертификат и прикажува безбедносен печат на VeriSign, Вашите клиенти знаат дека нивните трансакции се безбедни.
SSL Сигурност и проширена заверка
Добијте ја зелената адресна лента
За бизниси од висока класа, употребата на SSL со проширена заверка обезбедува ефективна заштита против измамата наречена рибарење. Клиентите ќе се научат да ја побараат зелената лента пред да внесат осетливи информации online.
Дали вашата веб страна го искористува целосниот потенцијал?
- 24% од купувачите воопшто не нарачуваат online поради загриженост за безбедноста.
- 65% од online купувачите откажале нарачка поради загриженост за безбедноста.
- 84% од купувачите сметаат дека online бизнисот не се грижи доволно за нивната заштита.
- (Извори: Forrester Research, 2005, TNS Research, 2006)
Зголемете ја довербата за време на трансакција со помош на зелената адресна лента
Рибарењето како измама и оnline измамата ја нарушуваат довербата на клиентот
Рибарењето како измама и online измамите создадоа сомнеж и грижа меѓу online купувачите. За повторно да ја добијат нивната доверба, сопствениците на веб страните имаат потреба на едноставен и веродостоен начин да им дадат до знаење на клиентите дека нивните трансакции се безбедни и дека тие навистина се оние кои се претставуваат дека се. Продавачите и интернет пребарувачите ги здружија силите за да го воспостават стандардот на проширена заверка (Extended Validation) на SSL сертификатите.
Зелената адресна лента и проширена заверка
Кога купувачите ќе посетат веб страна која е обезбедена со SSL сертификат со проширена заверка, пребарувачите со голема сигурност ќе предизвикаат адресната лента да се обои во зелено и го прикажуваат името на организацијата кое се појавува во сертификатот, како и издавачот на сертификати. Пребарувачот и издавачот на сертификати имаат контрола на приказот на содржините и со тоа ја намалуваат можноста „рибарите“ и фалсификаторите да ја загрозат безбедноста на Вашата компанија и Вашите клиенти.
Зголемете го потенцијалот за online продажба
Истражувањата покажуваат дека 65% од online купувачите се откажале од online нарачка бидејќи не добиле чувство на сигурност во моментот кога треба да ги внесат податоците за наплата. 53% од тие купувачи велат дека би ја завршиле трансакцијата доколку истата има некој препознатлив знак за доверба, каков што е VeriSign Secured® печатот (TNS Research, 2006 (PDF)). Бидејќи корисниците на пребарувачи со голема сигурност во статусната лента ќе го видат името на организацијата која ви го обезбедила вашиот SSL со проширена заверка, најважно е да го изберете VeriSign, издавач на сертификати на кој најмногу му се верува.
Како да добиете SSL Сертификат со проширена заверка?
Стандардот за проширена заверка ги дефинира критериумите за заверка на сертификатот и методот за неговото прикажување. За да се овозможат засилените опции на сигурност во пребарувачите со голема сигурност, Издавачот на сертификати ( CA) мора да го имплементира стандардот за заверка на сертификати со висока безбедност и тој да ја помине ревизијата. Критериумот за заверка бара CA да ја докаже автентичноста на доменот на барателот, организацискиот идентитет, вработен или авторитетот со право за барање сертификат пред неговото издавање.
| |