|
VeriSign Secure Site Pro
Вистински 128-битни SSL сертификати
Покажете им на Вашите клиенти дека го превземате секој чекор за да ги заштитите нивните приватни информации со силно шифрирање: VeriSign® Secure Site Pro SSL сертификати. Вистинските 128-битни SSL сертификати им овозможуваат на корисниците да го користат најсилното SSL шифрирање кое им е достапно.
- Автентикација на деловниот субјект
- 128-bit дo 256-bit шифрирање
- Осигурување од штета по вина на VeriSign до 75.000,00 евра.
- VeriSign Secured® печат.
- Проверка на инсталираниот SSL сертификат.
Најсилното шифрирање – секогаш достапно
Одредени постари пребарувачи и оперативни системи нема да го активираат најсилното шифрирање кое им е достапно, освен во случај кога серверот има сертификат со овозможен Server Gated Cryptography (SGC). VeriSign е водечки SSL обезбедувач на SGC-поддржани SSL Сертификати , овозможувајќи шифрирање со 128 или 256 бита на повеќе од 99,9% од корисниците на интернет. (SGC: Strongest SSL Encryption)
SGC: Вистинско 128-бит-но SSL шифрирање
Server Gated Cryptography (SGC) сертификатите овозможуваат SSL шифрирање со 128 или 256 бита (во зависност од веб пребарувачот, оперативниот систем и серверот) кое претставува најмоќно SSL шифрирање достапно денес.
Имате потреба од најсилното SSL кодирање кога...
Прифаќате плаќање со кредитна и дебитна картичка, картичка за нарачување или други начини за online плаќање.
Дозволувате пристап преку мрежа до доверливи информации за банковни и брокерски сметки.
Електронски пренесувате записи за осигурување и здравствена заштита.
Мора да ги исполните стандардите за приватност и сигурност.
Вашиот углед зависи од приватноста и интегритетот на податоците.
Преку трилион трилиони пати посилно
При SSL поздравување меѓу клиент и сервер, нивото на кодирање е одредено од веб пребарувачот, оперативниот систем на клиентот и SSL сертификатот. Силно шифрирање со 128 бита може да даде за 288 пати повеќе комбинации во споредба со 40 битно шифрирање. Тоа е трилион трилиони пати посилно шифрирање. Со моменталната процесирачка моќ, на хакер кој располага со соодветни алатки и сака да нападне со употреба на груба сила потребни ќе му бидат трилион години за да пробие сесија заштитена со SGC-овозможен сертификат.
SSL шифрирање со 256-бита
Стандардот за напредно кодирање ( Advanced Encryption Standard - AES) овозможува шифрирање со 256 бита, кое е посилно од она со 128 бита. Доколку вашиот сервер и пребарувачот на Вашиот посетител поддржуваат кодирање со 256 бита, тогаш сите VeriSign SSL Сертификати ќе го овозможат ова највисоко ниво на заштита.
Во кои случаи пребарувачите не успеваат да применат најсилно шифрирање
И покрај тоа што SSL сертификат дава можност за кодирање со 128 или 256 бита, одредени постари пребарувачи и оперативни системи сè уште не можат да го применат истото. Доколку веб серверот нема SGC сертификат, веб пребарувачите и оперативните системи кои не поддржуваат шифрирање со 128 бита ќе добиваат податоци шифрирање само со 40 или 56 бита. Корисниците на следните верзии на пребарувачи и оперативни системи привремено ќе добијат кодирање со 128 бита ако посетат веб страна која има SGC-поддржан сертификат:
- Верзиите на Internet Explorer меѓу 3.02 и 5.5
- Верзиите на Netscape меѓу 4.02 и 4.72
- Windows 2000 системи испорачани пред Март 2001 кои немаат преземено Microsoft’s High Encryption пакет или Service Pack 2 и кои користат Internet Explorer
(Internet Explorer верзиите пред 3.02 и Netscape верзиите пред 4.02 не овозможуваат шифрирање со 128 бита со било каков SSL сертификат)
Заштитете ги клиентите со најсилно можно кодирање
Бидејќи посетителите на веб страните не можат лесно да ја определат јачината на шифрирање за дадена сесија, нивната заштита зависи од сопственикот на страната. Вистински 128-битни SSL сертификати овозможуваат секој посетител да го примени најсилното SSL шифрирање кое му е достапно. VeriSign е водечки SSL обезбедувач на SGC-поддржани SSL Сертификати и им овозможува кодирање со 128 или 256 бита на повеќе од 99,9% посетители на веб страници.
Организација за обезбедување на сигурност на која најмногу и се верува
VeriSign како организација која обезбедува SSL Сертификати е изборот на повеќе од 95% од Најуспешните 500 и на 40-те најголеми банки во светот. Тие му веруваат на VeriSign поради технологија на шифрирање и строгите правила за проверување на веродостојност. Кога Вашата страница е заштитена со SSL сертификат на VeriSign и прикажува безбедносен печат на VeriSign, Вашите клиенти знаат дека нивните трансакции се безбедни.
| |