Персонални квалификувани сертификати
Центар за SSL сертификати
  • Помош и поддршка

  • Најчести прашања за персоналните сертификати?
  • Кориснички упатства за персонални сертификати
  • Поддржани интернет прелистувачи и оперативни системи
  • Поддржани БСЕП и друга опрема
  • Преземање на софтвер за БСЕП
  • Поддршка за SSL сертификати

  • Цени на сертификати

  • Ценовник за Персонални сертификати
  • Ценовник за SSL сертификати
  • Ценовник на дополнителни услуги

  • SSL Web Server Certificates with EV
    [Extended Validation SSL сертификати со способност за шифрирање со 256 бита во комбинација со најсилниот стандард за автентикација на идентитетот достапен денес.]

    Преглед

    SSL Web Server Certificate with EV на Thawte им нуди на корпорациите и владиниот сектор највисок индустриски стандард за автентикација на идентитетот, како и шифрирање со 256, 128, 56 или 40 бита. Нивото на шифрирање кое се активира зависи од можностите на клиентскиот пребарувач и програмското множество за шифрирање инсталирано на вашиот веб сервер. Корисниците на најновите пребарувачи со голема безбедност ќе забележат впечатлива зелена адресна лента која ќе ја потврди веродостојноста на вашата страна ако ја обезбедите вашата веб страна со Extended Validation SSL сертификат. Ова е единственото ниво на автентикација кое овозможува Internet Explorer 7 да ја прикаже доверливата зелена адресна лента и лизгачка безбедносна статусна лента која ги прикажува името на веб страната и Издавачот на сертификати за веб страната.

    SSL Web Server Certificates with EV ви помага да ги уверите вашите клиенти дека имате веродостојна, доверлива страна и дека податоците се шифрирани при нивен пренос меѓу вашиот веб сервер и нивните веб пребарувачи.

    Карактеристики и придобивки од сертификатот

    Автентикација: Го задоволува строгиот CA/Browser Forum Extended Validation SSL certificate стандард за признавање овластени организации и автентикација на нивните веб страни
    Шифрирање: 256-bit-но во случаи каде што и серверот и пребарувачот поддржуваат вакво шифрирање
    Компатибилност со пребарувачи: Највисока во индустријата
    Зелена адресна лента се појавува во Microsoft Internet Explorer 7 и истата се очекува и во следните верзии на другите пребарувачи
    Детали за сертификатот: Автентикација и проверување на доменот и идентитетот
    Печат Thawte Trusted Site Да – вклучен во нарачката (достапен на 18 различни јазици)
    Коренски CA Да
    Техничка поддршка: Бесплатна, 24/5 на повеќе јазици за сите временски зони
    Осигурува интернационализирани домени: Да - Thawte е првата организација за издавање сертификати (CA) чии SSL сертификати поддржуваат IDNs множеството на знаци
    SGC  технологија: Не
    CLR: Да - целосно поддржан Certificate Revocation List
    Online протокол за статусот на сертификатот: Да

    Технички детали

    Certificate Signing Request (CSR) датотека
    Процесот на пријавување за Thawte SSL Web Server Certificate with EV сертификат започнува со пополнување и поднесување на Certificate Signing Request (CSR) датотека. Потоа Thawte го проверува вашиот идентитет, и кога истиот ќе се утврди, ја потпишува поднесената датотека со употреба на доверлив Thawte CA коренски клуч, и ја издава како Ваш сертификат.

    Важечки формати на барање за сертификат
    Кога ќе го издадеме Вашиот сертификат, тој ќе содржи две чувствителни информации за вас. Првата е „Популарно (Distinguished) име“ кое е составено од вредности кои ја опишуваат вашата земја, држава или провинција, град, организација, оддел во таа организација и името на доменот на Вашиот сервер. Втората информација е вашиот јавен клуч.

    Клучеви
    Клучевите за сесија се состојат од јавен клуч (издаден заедно со Вашиот SSL Web Server Certificate with EV) и случајно избран приватен клуч создаден од секој пребарувач кога се поврзуваа со вашиот сервер. Клучевите за сесија се употребуваат за шифрирање и дешифрирање на податоци (пренесени кон и од серверот) по почетното „поздравување“ меѓу серверот и пребарувачот. (Вашиот клуч за Server сертификат кој е 1024 или 512-bit-ен не претставува клуч за сесија).

    Компатибилност со веб пребарувачи
    Сите модерни пребарувачи треба добро да функционираат со Thawte сертификатите. Интерфејсот на засилената проширена валидација (зелена адресна лента и сигурносна статусна лента) се очекува да биде поддржан во новите пребарувачи со висока сигурност какви што се IE7 и Opera 8. IE7 пребарувачот кој работи на Windows Vista автоматски ќе ги прикаже карактеристиките на проширената валидација за секоја страна со Extended Validation Сертификат од Thawte, откако корисникот еднаш посетил страна со EV Upgrader™.

     

    Купи
    Контакт Сертификати Правила за приватност Мапа на сајтот Помош

    © 2010 КИБС АД Скопје. Сите права задржани.