Персонални квалификувани сертификати
Центар за SSL сертификати
  • Помош и поддршка

  • Најчести прашања за персоналните сертификати?
  • Кориснички упатства за персонални сертификати
  • Поддржани интернет прелистувачи и оперативни системи
  • Поддржани БСЕП и друга опрема
  • Преземање на софтвер за БСЕП
  • Поддршка за SSL сертификати

  • Цени на сертификати

  • Ценовник за Персонални сертификати
  • Ценовник за SSL сертификати
  • Ценовник на дополнителни услуги

  • SSL Web Server Wildcard
    [Сигурен SSL сертификат кој ви овозможува управување со повеќе поддомени од еден домен на сервер со единствен Сертификат.]

    Преглед

    Wildcard Сертификат Ви овозможува да обезбедите повеќе поддомени од еден домен на ист сервер со употреба на *.domain.com шаблон за заедничкото име.
    Wildcard Сертификатот на Thawte нуди детални процедури за автентикација (проверување на името на доменот и идентитетот). Тој исто така обезбедува заштита преку шифрирање со 256, 128, 56 или 40 бита во зависност од можностите на клиентскиот веб пребарувач и програмското множество за шифрирање инсталирано на вашиот веб сервер. Со тоа информациите се чуваат доверливо додека се пренесуваат меѓу вашиот веб сервер и пребарувачите на вашите клиенти.

    Карактеристики и придобивки од сертификатот

    Шифрирање: Овозможено со најмногу 256 бита
    Компатибилност со пребарувачи: Највисока во индустријата
    Детали за сертификатот: Автентикација и проверување на доменот и идентитетот
    Печат Thawte Trusted Site Да - бесплатен (достапен на 18 различни јазици)
    Коренски CA: Да
    Техничка поддршка: Бесплатна, 24/5 на повеќе јазици за сите временски зони
    Осигурува интернационализирани домени: Да - Thawte е првата организација за издавање сертификати (CA) чии SSL сертификати поддржуваат IDNs множеството на знаци
    SGC  технологија: Не
    CLR: Да - целосно поддржан Certificate Revocation List
    Online протокол за статусот на сертификатот: Да

    Технички детали

    Каква функција има глобалниот знак?
    Овој производ е Web Server сертификат кој Ви овозможува да обезбедите повеќе поддомени од еден домен на ист сервер со употреба на *.domain.com шаблон за заедничкото име. Специјалниот симбол „*“ заменува еден или повеќе знаци. Ова значи дека имате можност да обезбедите многу различни поддомени со еден Wildcard Сертификат, како што се customer.domain.com или supplier.domain.com или
    anything.domain.com итн. Голем број оперативни системи и апликации поддржуваат глобални знаци за означување на датотеки и директориуми. На овој начин е овозможен избор на повеќе поддомени со единствен општ опис.

    Што претставува поддомен?
    Поддомен кој исто така се нарекува и дете домен, претставува домен кој е дел од поголем домен во DNS хиерархијата. На пример, во името на доменот customer.thawte.com, „customer“ е поддомен од поголемиот второстепен домен „ thawte.com “.

    SSL шифрирање со 256 бита
    Wildcard сертификатите на Thawte овозможуваат шифрирање со 256 бита – моменталниот индустриски стандард.

    Thawte e „коренски“ авторитет за сертификати
    Ова значи дека Thawte не се потпира врз коренска инфраструктура на други ентитети за да достави доверливи SSL сертификати на своите клиенти.

    Датотека Certificate Signing Request (CSR)
    Процесот на пријавување за Thawte дигитално потпишан сертификат започнува со пополнување и поднесување на датотеката Certificate Signing Request (CSR). Потоа Thawte го проверува вашиот идентитет, и кога истиот ќе се утврди, ја потпишува поднесената датотека со употреба на доверлив Thawte CA коренски клуч, и Ви ја издава како Ваш сертификат.

    Осигурување на имиња на домени со 2 или 3 букви
    За жал, не е возможно да се осигураат имиња на домени со 2 букви (пр. *.ue.com) или со 3 букви (пр. *.you.com). Од Вас ќе биде побарано да внесете 2 дополнителни знаци во заедничкото име при генерирање на csr датотеката за име на домен со 2 букви (пр. *.uexx.com) и 1 дополнителен знак за име на домен со 3 букви (пр. youx.com). Кога нарачката ќе биде во нашиот систем, одделот за кориснички услуги ќе ги отстрани овие дополнителни знаци и ќе го издаде сертификатот за точното име на доменот.

    Осигурување на основното име на домен
    Кога ќе поднесете барање за Wildcard сертификат, тоа се издава за *. vasdomen.com, и бидејќи сите SSL сертификати се врзани за точното целосно име на доменот, нема да имате можност да го осигурите основното име на доменот, што во овој пример би било vasdomen.com. За да го осигурите основното име на доменот, vasdomen.com, ќе треба да обезбедите дополнителен сертификат.

    Валиден сертификат
    Кога ќе го издадеме Вашиот сертификат, тој ќе содржи две чувствителни информации за вас. Првата е „Популарно (Distinguished) име“ кое е составено од вредности кои ја опишуваат вашата земја, држава или провинција, град, организација, оддел во таа организација и името на доменот на вашиот сервер. Втората информација е вашиот јавен клуч.

    Компатибилни веб пребарувачи
    Сите модерни веб пребарувачи треба добро да функционираат со Thwate сертификатите.

    Купи
    Контакт Сертификати Правила за приватност Мапа на сајтот Помош

    © 2010 КИБС АД Скопје. Сите права задржани.