|
SSL Web Server Certificates
[Secure SSL сертификати со целосна автентикација со можност за шифрирање со 256 бита.]
Преглед
SSL Web Server Сертификатот на Thawte нуди детални процедури за автентикација (проверување на името на доменот и идентитетот). Тој исто така обезбедува заштита преку шифрирање со 256, 128, 56 или 40 бита во зависност од можностите на клиентскиот веб пребарувач и програмското множество за шифрирање инсталирано на вашиот веб сервер. Со тоа информациите се чуваат доверливо додека се пренесуваат меѓу вашиот веб сервер и пребарувачите на вашите клиенти.
Карактеристики и придобивки од сертификатот
Шифрирање: |
Овозможено со најмногу 256 бита |
| Компатибилност со пребарувачи: |
Највисока во индустријата |
| Детали за сертификатот: |
Автентикација и проверување на доменот и идентитетот |
| Печат Thawte Trusted Site |
Да - бесплатен (достапен на 18 различни јазици) |
| Коренски CA: |
Да |
| Техничка поддршка: |
Бесплатна, 24/5 на повеќе јазици за сите временски зони |
| Осигурува интернационализирани домени: |
Да - Thawte е првата организација за издавање сертификати (CA) чии SSL сертификати поддржуваат IDNs множеството на знаци |
| SGC технологија: |
Не |
| Online протокол за статусот на сертификатот: |
Да |
| CLR: |
Да - целосно поддржан Certificate Revocation List |
|
|
Технички детали
Certificate Signing Request (CSR) датотека
Процесот на пријавување за Thawte дигитално потпишан сертификат започнува со пополнување и поднесување на датотека Certificate Signing Request (CSR). Потоа Thawte го проверува вашиот идентитет, и кога истиот ќе се утврди, ја потпишува поднесената датотека со употреба на доверлив Thawte CA коренски клуч, и Ви ја издава како Ваш сертификат.
Валиден сертификат
Кога ќе го издадеме Вашиот сертификат, тој ќе содржи две чувствителни информации за вас. Првата е „Популарно (Distinguished) име“ кое е составено од вредности кои ја опишуваат вашата земја, држава или провинција, град, организација, оддел во таа организација и името на доменот на вашиот сервер. Втората информација е вашиот јавен клуч.
Компатибилни веб пребарувачи
Сите модерни веб пребарувачи треба добро да функционираат со Thawte сертификатите.
|