|
Зошто Thawte?
Компанијата е основана од страна на Mark Shuttleworth во Јужна Африка. Thawte е прв издавач на сертификати кој издава SSL сертификати за јавни претпријатија надвор од САД, брзо покривајќи 40% од глобалниот SSL пазар. Во 2000 година, Thawte е преземен од страна на VeriSign, Inc. и станува главен член на фамилијата на марките од доверба на VeriSign. Почнувајќи од 1995 година до денес, Thawte има издадено повеќе од 945.000 SSL и Code Signing сертификати, заштитувајќи го идентитетот и трансакциите во повеќе од 240 земји во светот.
Главна дејност
Сертификатите со марката на Thawte користат погодности од јачината и надежноста на инфраструктурата за автентикација на VeriSign. Од причина што продажбата на SSL сертификатите е нивна главна дејност, Thawte константно ги подобрува своите продукти, за да испорача алатки со карактеристики кои се потребни на неговите муштерии. Константната инвестиција во истражувањата и развојот ги одржува неговите стандарди во работата помеѓу највисоките во индустријата и им помага да останат доволно напред во справувањето со зголемениот безбедносен ризик.
| |