|
SSL123 Certificates
[SSL сертификати за валидација на домен со можност за шифрирање со 256 бита кои се издаваат за неколку минути.]
Преглед
SSL123 претставува сертификат на Thawte на почетно ниво кое овозможува проверка дека вашиот домен е регистриран и дека имате право да добиете сертификат. Преку SSL шифрирање, сертификатот обезбедува приватност на податоците помеѓу вашиот веб сервер и веб пребарувачот на вашиот клиент.
Карактеристики и придобивки од сертификатот
Шифрирање: |
Овозможено со најмногу 256 бита |
| Компатибилност со пребарувачи: |
Највисока во индустријата |
| Детали за сертификатот: |
Само името на доменот |
| Thawte Trusted Site печат |
Вклучен (достапен на 18 различни јазици) |
| Коренски CA: |
Да |
| Осигурува интернационализирани домени: |
Да - Thawte е првата организација за издавање сертификати (CA) чии SSL сертификати поддржуваат IDNs множеството на знаци |
| Време за издавање: |
За неколку минути по пријавувањето |
| SGC технологија: |
Не |
| CLR: |
Да - целосно поддржан Certificate Revocation List |
Технички детали
Датотека Certificate Signing Request (CSR)
Процесот на пријавување за Thawte дигитално потпишан сертификат започнува со пополнување и поднесување на датотеката Certificate Signing Request (CSR). Потоа Thawte го проверува вашиот идентитет, и кога истиот ќе се утврди, ја потпишува поднесената датотека со употреба на доверлив Thawte CA коренски клуч, и Ви ја издава како Ваш сертификат.
SSL шифрирање со 256 бита
SSL123 сертификатите на Thawte овозможуваат шифрирање со 256 бита – важечки индустриски стандард во овој момент.
Thawte e „коренски“ авторитет за сертификати
Ова значи дека Thawte не се потпира врз коренска инфраструктура на други ентитети за да достави доверливи SSL сертификати на своите клиенти.
Информации кои се прикажуваат со SSL 123 Сертификат
Кога ќе инсталирате SSL 123 Сертификат на Вашиот сервер, Вашите клиенти ќе имаат можност да ги видат следните информации:
- Доменот за кој е издаден сертификатот
- Датумите за периодот на важење на сертификатот. Овие податоци се од големо значење бидејќи им даваат до знаење на вашите клиенти кога е издаден вашиот SSL123 сертификат и кога истекува истиот
Компатибилни веб сервери
SSL 123 сертификатот претставува непроменет сертификат кој е потпишан директно од коренскиот сертификат на Thawte Server CA. Thawte сертификатите имаат најголема компатибилност во индустријата со веб пребарувачите. |