Персонални квалификувани сертификати
Центар за SSL сертификати
  • Помош и поддршка

  • Најчести прашања за персоналните сертификати?
  • Кориснички упатства за персонални сертификати
  • Поддржани интернет прелистувачи и оперативни системи
  • Поддржани БСЕП и друга опрема
  • Преземање на софтвер за БСЕП
  • Поддршка за SSL сертификати

  • Цени на сертификати

  • Ценовник за Персонални сертификати
  • Ценовник за SSL сертификати
  • Ценовник на дополнителни услуги

  • SGC Supercerts
    [Premium Server Gated Cryptography SSL сертификати со целосна автентикација и способност за шифрирање со 256 бита со автоматско напредно шифрирање со 128 бита.]

    Преглед

    SGC SuperCert претставува најсилниот сертификат за шифрирање  на Thawte.  Тој автоматски применува заштита преку шифрирање со најмалку 128 бита дури и во случаи кога Вашите клиенти користат стари пребарувачи кои поддржуваат шифрирање ограничено на 40 или 56 бита. Шифрирањето со 256 бита е достапно доколку можностите на клиентскиот веб пребарувач и програмското множество за шифрирање инсталирано на вашиот веб сервер се компатибилни со 256 бита.
    SGC SuperCert сертификатот на Thawte обезбедува најголема сигурност и за продавачот и за корисникот. Неодамнешни испитувања извршени од страна на Yankee Group покажаа дека SGC-enabled сертификатите  работат според описот, што значи дека би обезбедиле зголемена сигурност за десетици милиони корисници на компјутер ако сите електронски трговци ги користат SGC-enabled сертификатите.

    Карактеристики и придобивки од сертификатот

    Шифрирање: 256-bit-но, со најниско ниво на заштита преку шифрирање со 128 бита за 99, 9% од корисниците, дури и они кои користат стари пребарувачи
    Компатибилност со пребарувачи: Највисока во индустријата

    Детали за сертификатот:

    Автентикација и проверување на доменот и идентитетот

    Печат Thawte Trusted Site Да - бесплатен (достапен на 18 различни јазици)
    Техничка поддршка: Бесплатна, 24/5 на повеќе јазици за сите временски зони
    Осигурува интернационализирани домени: Да - Thawte е првата организација за издавање сертификати (CA) чии SSL сертификати поддржуваат IDNs множеството на знаци
    SGC  технологија: Да - само новите CA може да го понудат ова
    Online протокол за статусот на сертификатот: Да
    CLR: Да - целосно поддржан Certificate Revocation List

    Технички детали

    Thawte SGC SuperCert во акција

    SGC SuperCert сертификатот на Thwate овозможува 128-bit-ни SSL сесии во старите пребарувачи кои најчесто се ограничени на шифрирање со 40/56 бита. Разликата помеѓу SGC SuperCerts и SSL Web Server Сертификати е тоа што секогаш кога постар пребарувач ќе се поврзе до страна која има инсталирано SGC SuperCert, SSL сесија автоматски ќе биде „засилена“ до 128 бита, наместо истата  да се одвива на ниво на шифрирање кое е предефинирано за пребарувачот (40/50 бита).

    Датотека Certificate Signing Request (CSR)

    Процесот на пријавување за Thawte SGC SuperCert сертификат започнува со пополнување и поднесување на датотеката Certificate Signing Request (CSR). Потоа Thawte го проверува вашиот идентитет, и кога истиот ќе се утврди, ја потпишува поднесената датотека со употреба на доверлив Thawte CA коренски клуч, и ја издава како Ваш сертификат.

    Важечки формати на барање за сертификат

    Кога ќе го издадеме Вашиот сертификат, тој ќе содржи две чувствителни информации за вас. Првата е „Популарно (Distinguished) име“ кое е составено од вредности кои ја опишуваат вашата земја, држава или провинција, град, организација, оддел во таа организација и името на доменот на Вашиот сервер. Втората информација е вашиот јавен клуч.

    Клучеви

    Клучевите за сесија се состојат од јавен клуч (издаден заедно со Вашиот SGC SuperCert сертификат) и случајно избран приватен клуч создаден од секој пребарувач кога се поврзуваа со вашиот сервер. Клучевите за сесија се употребуваат за шифрирање и дешифрирање на податоци (пренесени кон и од серверот) по почетното „поздравување“ меѓу серверот и пребарувачот. (Вашиот клуч за Server сертификат кој е 1024 или 512-bit-ен не претставува клуч за сесија).

    Купи
    Контакт Сертификати Правила за приватност Мапа на сајтот Помош

    © 2010 КИБС АД Скопје. Сите права задржани.