Персонални квалификувани сертификати
SSL сертификати
  • GeoTrust
  • Quick SSL Premium
  • True BusinessID
  • True BusinessID EV
  • True BussnessID Multi Domain
  • True BusinessID Wildcard
  • Основни документи

  • Претплатнички договор
  • Договор со засегнатата страна
  • Заштита на лични податоци

  • КИБС Правила за заштита на личните податоци
  • Издавачи на сертификати

  • VeriSign Root CA
  • KIBS Intermediate
  • KIBS Issuing
  • Преземање на CRL листа

  • CRL за Квалификуван Верба
  • Пребарување и проверка

  • Квалификуван сертификат
  • Помош и поддршка

  • Најчести прашања за персоналните сертификати?
  • Користење на сертификати во Microsoft Outlook 2007
  • Користење на сертификати во Microsoft Internet Explorer
  • Користење на сертификати во FireFox
  • Цени на сертификати

  • Ценовник за Персонални сертификати
  • Ценовник за SSL сертификати
  • Ценовник на дополнителни услуги

  • True BusinessID with Extended Validation (EV)

    Зголемете го бројот на online трансакции со помош на зелената адресна лента

    GeoTrust®: Максимално зголемете ја сигурноста и потенцијалот на online продажбата со употреба на сертификат GeoTrust True BusinessID with EV кој овозможува шифрирање со 256 бита во веб пребарувачите и мобилните телефони. Со помош на проширената SSL валидација посетителите кои користат веб пребарувачи со голема сигурност ќе забележат дека адресната лента се обојува зелено кога ќе ја посетат вашата веб страница. Сертификатите со проширена валидација обезбедуваат соодветен видлив знак дека вашата веб страна е веродостојна, доверлива и податоците на вашите клиенти се сигурни.

    Зголемете ги довербата на клиентите и бројот на трансакции

    Потрошувачите пред да внесат број на кредитна картичка или чувствителни лични информации, сакаат да се уверат дека се наоѓаат на вистинската веб страна и дека нивните податоци се заштитени. Како дополнување на зелената адресна лента, пребарувачите со голема сигурност го прикажуваат и името на организација која го поседува SSL сертификатот со проширена валидација и организацијата која го издала истиот (Издавач на сертификати). Овие можности веднаш се видливи и им влеваат на корисниците доверба за да ги завршат нивните трансакции.

    Карактеристики и придобивки од True BusinessID with EV сертификат

    • Проширена валидација.
    • SSL шифрирање со најмногу 256 бита.
    • Динамичен печат GeoTrust True Site со обележани датум и време.
    • Компатибилност со 99+% од сите пребарувачи и поголемиот дел од мобилни пребарувачи.
    • EV технологијата на надградба овозможува видливост на EV за Explorer 7 на Windows XP системи.
    • Осигурување од штета по вина на GeoTrust до $100.000,00 УСД.
    • Можност за период на важење од 1 до 2 години.

    Осигурете ги online трансакциите со шифрирање со 256 бита

    GeoTrust ви помага да ги заштитите вашите чувствителни податоци за време на преносот на истите кога вашите клиенти, деловни партнери и вработени online  се поврзуваат со вас. True BusinessID with EV сертификатите овозможуваат шифрирање со 40 до 256 бита, во зависност од можностите на пребарувачот на клиентот и пакетот за шифрирање инсталиран на вашиот веб сервер.
    Покажете им на клиентите дека се грижите за сигурноста

    Секој сертификат True BusinessID with EV вклучува динамичен печат GeoTrust True Site со името на вашата компанија и обележани датум и време. Кога корисниците на постари пребарувачи и мобилни пребарувачи не може да ја видат зелената адресна лента, динамичниот True Site печат им помага да ја препознаат вашата веб страна како оригинална, веродостојна и признаена од независно трето лице.

    Купи
    Контакт Сертификати Правила за приватност Мапа на сајтот Помош

    © 2010 КИБС АД Скопје. Сите права задржани.